Дома Топ вести Рамос врши притисок над Зидан поради ЕДЕН играч

Рамос врши притисок над Зидан поради ЕДЕН играч

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид започна да врши притисок врз тренерот на тимот, Зинедин Зидан.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Рамос од францускиот стратег бара повеќе да му дава прилика на Дани Себаљос, кој ова лето од Бетис се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Себаљос, кој игра во средниот ред, на тренинзите, но и на теренот оствари добра врска со Серхио Рамос, кој смета дека младиот фудбалер треба да добие прилика да се чувствува како важен играч.

„Don Balon“ пишува дека Рамос и Зидан се во постојан контакт за овој играч, а се очекува Себаљос да биде стартер во некој од следните натпревари. Себаљос во Реал е доведен како иднина во тимот, а Рамос смета дека уште од сега треаба да му се даде крилја, за да може да се навикне на високо ниво и очекувања.

Реал овој викенд ќе игра против Леванте, додека во среда ќе се сретне со АПОЕЛ, во Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …