Серхио Рамос е на чекор од големо достигнување во репрезентативната кариера.
Вечерва Шпанија игра против Фарските Острови и се освен убедлива победа на „Црвената Фурија“ ќе се смета изненадување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таа очекувана победа многу ќе му значи на Серхио Рамос кој така може да стане играчот со најмногу победи во дресот на Шпанија.
Во овој момент рекордот го држи Икер Касиљас. Поранешниот репрезентативен и клупски соиграч на Рамос победил на 121 натпревар од вкупно 167 и со тоа има одличен процент на успешност од 72.4
Рамос својата 122-ра победа би ја достигнал во својот 164-ти настап во националниот дрес. На вечната листа зад Касиљас и Рамос следат Чави Ернандез (100 победи/133 натпревари) и Андрес Иниеста (96 победи/131 натпревар).
„Марка“ пишува дека Рамос после ова ќе нападне и друг рекорд кој е во сопственост на Касиљас. Станува збор за бројот на години поминати на играње за Шпанија. Икер го држи рекордот со 16 години.