Дома Фудбал Рамос: Би било лудост Лопетеги да добие отказ!

Рамос: Би било лудост Лопетеги да добие отказ!

Реал Мадрид продолжи со слабите резултати и синоќа доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Алавес.

Шпанските медиуми веќе почнаа да пишуваат дека на Лопетеги му се заканува отказ, но капитенот Рамос застана во одбрана на кормиларот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Други прават такви одлуки, но никогаш не е добро кога има промена на тренер. Тоа би било лудо. Мораме да одиме напред, бидејќи сезоната е многу долга и имаме долг пат. Кој вели дека Реал Мадрид е мртов, секогаш греши. Ние, играчите, први треба да направиме повеќе напори за подобрување, а ние го правиме тоа. Не е фер никого да се обвинува. Сите гледаме каква е реалноста“, изјави Рамос.

„Резултатите не се добри, но ние се уште сме посветени и амбициозни и продолжуваме да се бориме за победа во секој меч. Тоа е во нашата ДНК. Ние сме на вистинскиот пат, и покрај лошите резултати. Головите ќе дојдат и ние секогаш се бориме за највисоки цели“, заклучи капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…