Дома Македонски спорт Ракометарот Филип Миркуловски на учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од Кисела Вода им одржа едукативен час

Ракометарот Филип Миркуловски на учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од Кисела Вода им одржа едукативен час

Познатиот македонски ракометар Филип Миркуловски на учениците од четврто одделение од ООУ „Рајко Жинзифов” од општина Кисела Вода им одржа онлајн едукативно предавање.

Миркуловски на децата им зборуваше за неговите почетоци во ракометот, им кажа што треба да прават за да ги постигнат неговите спортски успеси. Тој нагласи зошто е важно да се спортува, а им одговори и на сите прашања поврзани со спортот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На крајот од часот, ракометарот Филип Миркуловски на учениците им вети дека по завршувањето на пандемијата во нивното училиште заедно ќе одржат час по физичко и здравствено образование, а додаде и дека нема да заборави да ги покани на некои од натпреварите на македонската ракометна репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…