Македонските ракометарки на Европското првенство на плажа во женска конкуренција го претрпеа и третиот пораз во групата без освоен сет.
Избраничките на селекторот Златко Мојсовски и помошничката Ања Алтхаус денес беа совладани од домаќинот Португалија со 2:0 сетови. Слично како и во првите два меча Македонија нешто подобра игра прикажа во вториот сет.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот сет Португалките го добија со 20:12, додека во вториот беше понеизвесно и нашите ракометарки го загубија со три разлика 17:14.
Во текот на вчерашниот ден нашата селекција беше поразена во двата натпревари против Украина и Холандија исто така со по 2:0 во сетови.
Најефикасна денес кај нас беше Ивана Божиновска со пет гола, Диневска постигна три. Со овој пораз ја завршуваме групната фаза и ќе продолжиме во разигрувањето за конечното место на турнирот.