Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз на стартот на Медитеранските игри од селекцијата на Турција со 27:34.
Турција кој на овој турнир дојде со комплетно сениорски состав беа подобар противник од нашата комбинирана кадетско-младинска репрезентација. Македонија во најголем дел од првото полувреме беше рамноправен противник, на пауза Турчинките водеа со 16:19.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот беше решен во втората половина на вториот дел кога Турција заигра поефикасно и ја обезбедија победата. Во еден момент тие имаа и предност од девет голови разлика, а на крајот славеа со седум.