Дома Ракомет Ракометарите на Шпанија ја освија бронзата

Ракометарите на Шпанија ја освија бронзата

Шпанија во малото финале ја победи репрезентацијата на Француја (35:29) и ја освои бронзата на Мундијалот во Египет.

„Црвената фурија“ беше подобар противник во текот на целиот меч и заслужено се закити со бронзениот медал.

Шпанија од самиот старт направи предност од четири гола разлика, а најмногу што успеаја „петлите“ да сторат во првите 30 минути е да намалат дел од предноста на 16:13, резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел Франција се доближи до еден гол разлика (16:15), но потоа Шпанците повторно се одлепија и не ја доведија во прашање победата.

Најефикасен во победничките редови беше екс членот на Вардар, Алекс Душебаев со осум голови. Кај Французите Уго Деска постигна 7 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија со познат костур ќе го брка европскиот билет во Скопје

Јован Шапе избра поширок состав од 20 одбојкари за јануарските квалификации за ЕП до 20 го…