Дома Македонски спорт Ракометарите без Стоилов и уште неколку репрезентативци денес патуваат за Каиро

Ракометарите без Стоилов и уште неколку репрезентативци денес патуваат за Каиро

Ракометната репрезентација на Македонија денес заминуваат за Каиро каде што утре и задутре ќе одиграа два контролни натпревари со Египет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овие два натпревари нема да бидеме комплетни, во Скопје остануваат неколку репрезентативци. Стојанче Стоилов нема да биде на располагање на Лазаров поради заработена мала повреда, не е сериозно, но нема потреба да се ризикува.

Откако Патар Маџовски се опорави, не патува неговата потенцијална замена Петар Атанасијевиќ од Е.Пелистер 2. Ако повредата на Томи Јагуриновски не е сериозна и тој ќе патува, во Скопје ќе остане Марко Митев. Последниот кој сигурно не оди за Каиро е голманот Чаневски.

Ќе потсаетиме, во јануари Македонија ја чека Европското првенство во Унгарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …