Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ испрати јавни критики на сметка на својот тренер, Ернесто Валверде кого јавно го обвини дека констатно повторува иста грешка.
Во натпреварот со Севиља, најдобриот играч на Барселона остана да лежи на тревникот во 16-тата минута, а заменет беше десетина минуди подоцна, иако во меѓувреме два пати покажуваше кон клупата дека не може да го продолжи натпреварот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ракитиќ смета дека такви работи не смеат да се повторуваат бидејќи токму предолгото останување на теренот за Меси сега може да значи влошена состојба.
„Во иднина ќе мораме побрзо да правиме измена. Треба да бидеме спремни претходно и што побрзо да се замени оној кој не може да продолжи. Не може да ни се случуваат вакви работи како она што се случи против Севиља, толку долго да играме со човек помалку“, изјави Ракитиќ.
Интересно е што Меси повреден падна на теренот точно во 15:50 минута, а Валверде го испрати Дембеле на загревање дури во 18:05.
Тренерот на Барселона конечно во игра го внесе Дембеле кога семафорот покажуваше 25:47, значи цели десет минути откако измената требаше да биде направена.