По завршувањето на Светското првенство се појавија многу шпекулации околу иднината на Иван Ракитиќ, кој сепак на крајот одлучи да остане на „Камп Ноу“.
Најупорен да го доведе во своите редови беше ПСЖ, кој му понуди многу повисока плата, меѓутоа Ракитиќ после разговор со тренерот одлучи да остане во Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Хрватот наскоро ќе потпише нов договор со Каталонците, но со подобри финансиски услови.
„Горд сум што можам да продолжам во Барса. Не постои тим во светот кој може да ми даде повеќе од Барселона и не се работи за пари. Го послушав своето срце и сопругата, а ми помогна и Валверде да ја донесам правата одлука“, истакна Ракитиќ, кој додаде дека не би му било лошо доколку добие поголема плата.
„Искрено, на некој не би му било лошо, доколку добие зголемување на платата. Се надевам дека претседателот наскоро ќе ме повика“, изјави Хрватот.