Дома Фудбал Ракитиќ: Не е пријатно кога не играш, особено кога не знаеш зошто

Ракитиќ: Не е пријатно кога не играш, особено кога не знаеш зошто

Хрватскиот плејмејкер Иван Ракитиќ уште еднаш потврди дека нема намера да ја напушти Барселона ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иднината на Ракитиќ на „Камп Ноу“ во поселдните месеци беше мета на силни шпекулации, особено поради фактот што Хрватот падна во втор плана.

Ракитиќ признава дека не му е пријатно што не е во стартните 11, но тврди дека сигурно ќе остане во Барселона.

„Зборував со луѓето од клубот пред десет или 15 дена и заклучокот беше да не зборуваме за тоа затоа што имам валиден договор до 2021 година. Ова е местото во кое сакам да играм. Дополнително, мојата жена и децата одлично се снаоѓаат во градот“, истакна Ракитиќ.

„Не е убаво чувството кога не играш, особено кога не знаеш зошто. Но, јас ја почитувам одлуката на тренерот. Нема никаква причина да размислувам за други работи. Тренирам добро и сигурен сум дека ќе останам во Барселона“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Атлетико поднесе жалба против Барселона поради Хулиан Алварес

Раководството на Атлетико Мадрид поднесе официјална жалба до ФИФА и Кралската шпанска фудб…