Дома Трансфер зона Ракитиќ може да се пресели во големиот ривал на Барса

Ракитиќ може да се пресели во големиот ривал на Барса

Иднината на Иван Ракитиќ сигурно ќе биде „жешка“ тема во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот плејмејкер не е задоволен од статусот и минутажата која ја добива оваа сезона во Барселона, па сериозно размислува да ја промени средината.

Барселона веќе му ја отвори излезната врата и е спремна да го пушти доколку пристигне адекватна понуда, па веќе на големо се шпекулира за неговата иднина.

Најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат миланските гиганти Интер и Милан, но сега „Марка“ тврди дека Ракитиќ би можел да се пресели во Мадрид и да го облече дресот на Атлетико.

Самиот Ракитиќ претпочита да остане во Шпанија поради своето семејство, а Симеоне покажува силен интерес да го доведе во своите редови.

Меѓутоа, „Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона нема да се согласи да го пушти играчот кај директниот конкурент за титулата, па Италија е многу поверојатна дестинација за Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…