Дома Трансфер зона Ракитиќ може во Премиер лигата, познато кој клуб е фаворит за неговиот потпис

Ракитиќ може во Премиер лигата, познато кој клуб е фаворит за неговиот потпис

Од европските клубови кои се заинтересирани за Иван Ракитиќ наводно најблиску е Тотенхем кој е спремен да плати 20 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заменик-капитенот на хрватската репрезентација повеќе пати истакнуваше дека сака да остане во Барселона и дека може да игра на највисоко ниво. Неговиот договор истекува 30 јуни 2021 и шпанските медиуми во изминатите недели многу пишуваа за негово заминување на крајот од сезоната.

Освен Тотенхем за Ракитиќ се заинтересирани Севиља, Јувентус и Атлетико Мадрид. Според пишувањето на шпанските медиуми, Севиља не може да плати 20 милиони евра, Атлетико нуди само едногодишен договор, додека Јувентус смета дека 20 милиони евра се многу за играч кој има 32 години.

Затоа засега Мурињо и Тотенхем се истакнуваат како фаворити за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…