Иван Ракитиќ после шест години ја напушти Барселона и се врати во Севиља од каде што во 2014 година дојде во Каталонија.
Ракитиќ е среќен што се враќа во Севиља.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу сум возбуден поради овој трансфер. Сакам што побрзо да започнам со тренинзите и да помогнам на тимот. Барселона? Дојде време за заминување и тоа е тоа. Најважно е со овој трансфер да бидат среќни сите страни“, изјави Ракитиќ.
Хрватскиот репрезентативец со години беше еден од клучните играчи на Барселона, а минатата сезона падна во втор план. Новинарите на „Марка“ го прашаа дали смета дека Видал играл повеќе од него затоа што е поблизок со Меси.
„Не знам. Јас секогаш бев на располагање. Имаше некои одлуки кои не можев да ги разберам, но морав да ги прифатам“, истакна хрватскиот фудбалер.
Ќе остане ли Меси во Барселона?
„Не сме зборувале за тоа, за неговата желба да замине дознав од медиумите. Не можам да кажам дека бевме најдобри пријатели, но Лео секогаш имаше добар однос кон мене“, заврши Ракитиќ.