Дома Фудбал Англија Раиола: Ми е гајле ако не соработувам повеќе со Манчестер Јунајтед

Раиола: Ми е гајле ако не соработувам повеќе со Манчестер Јунајтед

Мино Раиола е еден од најпознатите менаџери во светот и застапува многу фудбалски ѕвезди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа е познат како човек кој нема влакна на јазикот и често влегува во „конфликт“ со европските гиганти.

Раиола поради своите изјави  не е во добри односи со Манчестер Јунајтед, но тој вели дека само ги застапува интересите на своите клиенти и не се грижи дали ќе престане да соработува со „црвените ѓаволи“.

„Воопшто не ми е гајле доколку веќе не соработувам со Манчестер Јунајтед и не им продадам мој фудбал. Не сум во нивните раце, јас сум самостоен. Ние имаме само една задача,а тоа е да се грижиме за нашите играчи, а се додека играчите не сакаат, можеме да правиме што сакаме“, изјави Раиола.

„Се што ќе кажам е дека челниците на Јунајтед го вратија Погба откако Фергусон замина и ми рекоа дека сум бил во право. Фергусон не веруваше во него и тоа е тоа“, додаде Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…