Еден од највлијателните агенти во светскиот фудбал, Мино Раиола даде интервју и зборуваше за своите клиенти, Погба, Де Лихт и Донарума.
Главна тема на Апенините е незадоволството на Донарума, кој е резерва во ПСЖ и ја грее клупата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не знам дали има проблем, но сигурно знам како ќе се реши ситуацијата со голманите во ПСЖ. Таа ќе заврши добро за Донарума. Треба само трпение и ситуацијата ќе се реши во полза на Џиџо“, сигурен е Раиола.
„Многу е рано да зборуваме за договорот на Погба, ајде да видиме што ќе се случи. Не можам да го запрам никого да сонува за Пол. Декември е месец на соништата. Но сега не е време да зборуваме за иднината на Пол“, додаде контроверзниот менаџер.
„Дали Де Лихт ќе остане во Јувентус? Трансферите се договараат во мај. Треба да го направиме ова интервју тогаш, сега е ноември“, во свој стил одговори Раиола.