Раководството на Јувентус е загрижено бидејќи добиле информации дека агентот Мино Раиола го предложил својот клиент Матијас де Лихт на неколку европски гиганти.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мино Раиола веќе крои планови да му најде нов клуб што поскоро и на лето Холанѓанецот да направи голем трансфер.




Менаџерот неодамна и јавно потврди дека дефанзивецот може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.




Репрезентативецот на Холандија е убеден дека со тимот од Торино никогаш нема да го освои трофејот во Лигата на шампиони и затоа ќе се обиде за време на летниот преоден рок да направи трансфер во друг европски гигант.




Раиола веќе имал разговори со Манчестер Сити, Челзи и Барселона и работи на трансферот на Де Лихт.




Во Јувентус се бесни на Мино Раиола бидејќи немаат намера да го продадат 22-годишниот дефанзивец за кого пред две години платија 75 милиони евра.