Дома Трансфер зона Раиола: Балотели вреди 100 милиони, ќе го вратам во Италија без пари, но не во Милан

Раиола: Балотели вреди 100 милиони, ќе го вратам во Италија без пари, но не во Милан

Контроверзниот менаџер Мино Раиола повторно ја разбранува фудбалска Италија со своите изјави.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што се приближува летниот преоден рок, така Раиола го припрема теренот за трансфер на своите пулени, а еден од нив е Марио Балотели, кој на лето ќе биде слободен играч.

„Марио е подготвен да се врати, тој созреа и сега е еден од најдобрите десет напаѓачи во светот. Во Италија е број еден. Вреди 100 милиони евра, но по игра на случајот е бесплатен“.

„Веќе сум во преговори со неколку клубови во Англија и Италија. Зборував со Јуве, Рома, Наполи и Интер. Во Милан не, бидејќи таму е Мирабели, а јас не можам да зборувам со него, не сум на негово ниво“, истакна Раиола.

Контровернзиот менаџер потоа проговори за Донарума и истакна дека доколку се прашувал тој, би требало да го напушти Милан.

„Донарума направи избор и остана во Милан. Го почитувам тоа. Доколку ми рече дека сака да замине веднаш ќе почнам да работам бидејќи има важни понуди. Доколку зависеше од мене, Џиџо треба да си оди од Милан“, истакна Раиола кој е во конфлик со „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…