Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез денес се прости од Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.
Атлетико вчера околу полноќ го официјализираше трансферот на Суарез од Барселона. Денес Суарез се прости од Барселона на прес-конференцијата и солзите не можеше да ги сокрие. Тоа најдобро зборува колку тешко му падна заминувањето од клубот. Јасно е дека не замина по своја желба или поедноставно клубот го избрка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дека работата помеѓу него и претседателот не е добра покажува и споредбата на прошталната фотографија со Ракитиќ.
Ракитиќ со трофеите се сликаше и заедно со Бартомеу, додека на фотографијата на Суарез Бартомеу го немаше.