Дома Фудбал Италија Разбојници со пиштоли ја ограбија ѕвездата на Наполи

Разбојници со пиштоли ја ограбија ѕвездата на Наполи

Ѕвездите на Наполи често се мета на криминалците од Неапол, а последен во низата кој „настрада“ е напаѓачот Аркадиус Милик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, синоќа после победата над Ливерпул Милик бил нападнат и ограбен додека бил на пат кон дома.

Две лица на мобед му го блокирале патот, му впериле пиштол и му одзеле луксузен часовник Ролекс кој според медиумите вреди 20.000 евра.

Полјакот без да се противи му го дал часовникот, а потоа веднаш повикал полиција.

Инаку, ова не е првпат некој од фудбалерите на Наполи да биде ограбен, бидејќи тоа претходно им се случувало и на Марек Хамшик и Лоренцо Инсиње.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити пред завршување на трансфер од речиси 100 милиони евра

Манчестер Сити ја зголеми динамиката на преговорите за привлекување на 18-годишниот талент…