Вардар в сабота во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански” продолжува со натпреварите од Лигата на шампионите. На распоредот е меч од Главната фаза против екипата на Мец, која изминатите години се покажа како солиден противник и голем предизвик за вардарки

После малку подолга пауза почнуваме со Главната фаза од лигата на шампионите, а целта е јасна, сакаме секој натпревар да го победиме. На почеток ни доаѓа екипа која на секоја позиција има по два одлични играчи, играчи кои освоија светско првенство. Но, подготвени сме. Го гледавме Мец и не ни недостига мотивација да направиме исчекор повеќе од лани. Верувам во својата екипа и дека клучот лежи во добра одбрана, и сигурна сум дека и нашите голмани Амандин Лејно и Ина Суслина ќе бидат одлични како и секогаш. Сигурна сум дека срцето ќе го оставиме на терен, пред сѐ во одбрана. Против нив е важно да имаме малку технички грешки, зашто се екипа која играат во сите можни зони. Верувам дека ќе ги освоиме двата бода и ќе си го олесниме четврт финалето. Посакувам во сабота да се повтори атмосферата каква што беше против Турингер и да почувствува Мец како е да се игра пред полни трибини. Ги повикувам навивачите да дојдат, да нѐ бодрат, зашто со нив е многу полесно да се стигне до победата”, вели Радичевиќ за официјалната страна на ЖРК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…