Пласманот на Вардар во четврт-финалето на лигата на шампионите одамна беше заверен, а сега во петок, 19 часот против германски Битигхајм ,Вардарки одат да го потврдат и првото место во групата. Тоа ќе значи дека ривал во Топ-8 фазата ќе биде четвртопласираниот тим од првата група.

На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија Вардарки победија убедливо 38-26. До крајот на натпреварите од главната фаза треба да се одиграат уште два натпревари, овој со Битигхајм и на гости кај Будуќност. Потребна е само победа против Битигхајм за потврда на првото место во групата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„ В петок сакаме само да победиме и на тој начин да го решиме првото место во групата. Изгубивме од Мец, поразот дојде во право време, за да не летнеме во облаци и мислам дека загубивме само поради нашите грешки. Тие играа исто како и досега, само ние не бевме на нашето ниво. Со нашата добра енергија, добра одбрана ќе треба да стигнеме до победа. Битигхајм не намачи кај нив во првиот дел и ќе сакаат да не пореметат нашиот ритам, вели Јованка Радичевиќ.

Вардарки досега играат според планот и се на чекор до освојување на првото место во групата, што би значело избегнување во четврт-финалето на екипите на Ростов, Ѓер или ЧСМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…