Дома Фудбал Рагник: Се мачиме да одиграме добро повеќе од едно полувреме

Рагник: Се мачиме да одиграме добро повеќе од едно полувреме

Maнчестер Јунајтед денес повторно ги разочара навивачите откако одигра само 1:1 против Саутемптон, тренерот Ралф Рагник секако не е задоволен со резултатот.

Санчо донесе предност за Манчестер Јунајтед во 21. минута, но Адамс изедначи во 48.

„Четврти натпревар во кој имавме предност, а на крај освоивме само бод. Тешко е тоа да се прифати, но мораме. Беше многу добро прво полувреме, задоволен сум со она што го покажавме. Не им дозволивме да направат многу шанси. Но, постигнаа гол на почетокот на второто полувреме. Потоа натпреварот беше отврен, имавме прилика да победиме, но се мачиме да ја задржиме формата повеќе од едно полувреме“, изјави Рагник.

Јунајтед по ова реми е петти на табелата во Премиер лигата со 40 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…