Дома Фудбал Рагник се жали: Постојано некој лежеше, а на крајот имаше само четири минути продолжение

Рагник се жали: Постојано некој лежеше, а на крајот имаше само четири минути продолжение

Mанчестер Јунајтед со вчерашниот пораз од Атлетико Мадрид го заврши настапит во Лигата на шампионите за оваа сезона.

Голот кој го одлучи натпреварот дојде во финишот на првиот дел кога Манчестер Јунајтед очекуваше прекршок на Еланга, но судијата не досуди ништо, гостите тргнаа во напад после кој Лоди ја затресе мрежата.

„Мислам дека одигравме едно добро прво полувреме. Се што планиравме спроведовме на теренот, но добрата игра не ја претворивме во гол. Кога играте против тим како Атлетико многу е важно први да постигнете гол, а ние примивме и во многу лош момент пред полувремето“.

Рагник смета дека имало прекршок над Еланга.

„Според мене имаше прекршок, но судијата и помошникот не мислеа така. Во второто полувреме беше тешко да се игра, играта се прекинуваше на секои 2-3 минути, постојано некој лежеше на тревата. Беше смешно и што на крајот покажа само четири минути продолжување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…