Дома Фудбал Англија Рагник им дал слободен ден на фудбалерите па заборавил

Рагник им дал слободен ден на фудбалерите па заборавил

Германскиот стратег Ралф Рагник го замени неодамна Оле Гунар Солскјер на местото менаџер на Манчестер Јунајтед.

Искусниот тренер потпиша договор до крајот на сезоната, но засега неговото доаѓање не помогна премногу на „црвените ѓаволи“ кои играат прилично слабо. Притисокот во Манчестер  е навистина голем, тоа на своја кожа го почувствува и Рагник кој се нашол во една необична ситуација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После натпреварот против Астон Вила (понеделник), Германецот им дал слободен ден на фудбалерите (вторник), но тоа тој го заборавил и се појавил во тренинг-кампот каде што на почетокот се изненадил што нема никој.

„Се јави од автомобилот да праша каде да се тестира на вирусот. Соопштено му беше дека им дал слободен ден на играчите. Потоа тој се вратил дома. Информацијата дошла и до играчите, па се шегувале на негова сметка“, соопштил извор од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…