Ралф Рагник во Манчестер Јунајтед е само привремено решение до крајот на сезоната, а тогаш ќе биде доведен нов стратег кој ќе добие повеќегодишен договор.
Во јавноста веќе некое време се шпекулира со повеќе имиња прво Покетино беше главен кандидат, а во овој момент тоа е стратегот на Ајакс Ерик Тен Хаг. Дека во Јунајтед веќе преговарале со некои имиња потврди и Рагник.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Знам дека клубот преговара со неколку тренери, но досега не знам ништо за тоа кој би можел да ме наследи“, изјави Рагник.
На почетокот на својата епизода се шпекулираше и дека Рагник би можел да остане, меѓутоа после резултатите кои ги забележа наследникот на Солскјер јасно е дека тоа нема да се случи.