Дома Фудбал Англија „Рагник е чудотворец, успеа да го направи Јунајтед уште полош“

„Рагник е чудотворец, успеа да го направи Јунајтед уште полош“

Премиерлигашот Манчестер јунајтед доби нови критики преку социјалните мрежи по очајниот настап во поразот од Вулверхемптон со 0-1 на „Олд Трафорд“.

Португалскиот ветеран Жоао Мутињо вчера му пресуси на Јунајтед и го постигна одлучувачкиот гол на натпреварот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа беше прв пораз на Јунајтед во шест меча под водство на новиот привремен тренер Ралф Рангник, кој требаше да ги врати насмевките на лицата на навивачите.

„Црвенте ѓаволи“ одиграа лош натпревар, а критики после натпреварот испрати навивачот Арсенал, Пјерс Морган.

„Рангник е чудотворец, го направи Јунајтед уште полош. Требаше да го земат Антонио Конте додека имаа шанса, не е нормално голем клуб да биде трениран од мал тренер“, напиша Морган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингам: Овој натпревар е се или ништо за нас, играме за да го спасиме сезоната

Сите во Реал Мадрид се свесни дека можат да ја спасат сезоната само ако го надоместат заос…