Дома Топ вести Рагник доаѓа како директор: На кормилото на Милан седнува познато тренерско име

Рагник доаѓа како директор: На кормилото на Милан седнува познато тренерско име

Веќе подолго време медиумите шпекулираат дека Милан е во напредни преговори со германскиот стратег Ралф Рагник и деке двете страни договориле тригодишна соработка.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Поранешниот тренер на Лајпциг требаше да извршува две функции  на „Сан Сиро“, да биде тренер, но и спортски директор, но последните информации говорат дека дошло до промена.

Рагник сигурно ова лето ќе пристигне во Милан, но ќе ја извршува функцијата на спортски директор, исто како претходно во Лајпциг и Салцбург.

Рагник веќе учи италијански јазик и формира своја скаутска мрежа бидејќи е познат по откривање на млади таленти како Тимо Вернер, Упамекано…

Тој заедно со Малдини и генералниот директор Газидис ќе учествува и во изборот на нов тренер, а медиумите шпекулираат со неколку имиња.

Прво име на списокот е екс тренерот на Арсенал, Уни Емери, кој во моментов е без ангажман и е спремен да се пресели во Милано.

Најголема желба на „росонерите“ и понатаму останува Масимилиано Алегри, но проблем е големата плата на трофејниот италијански стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…