Работнички доведе ново име на голманската позиција по заминувањето на репрезентативецот Ристе Јанков. Ново засилување на нашиот тим е Бојан Тимевски кој доаѓа од второлигашот Тетекс.
Тимевски има 22 години и треба да биде квалитетна конкуренција на Бурхан Мустафа. Тој кариерата ја почна во младинската академија на Вардар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Утре Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Кожуф во Гевгелија, што ќе биде последен тест за составот на Борче Христов пред стартот на пролетниот дел од првенството.