Дома Фудбал Работнички го чека следниот противник: Треневски претчувствувал добар настап на фудбалерите

Работнички го чека следниот противник: Треневски претчувствувал добар настап на фудбалерите

Стратегот на Работнички, Виктор Тренески е видливо задоволен од триумфот со високи 6:0 против Тре Пене и пласманот во следната фаза од квалификациите за Лига Европа.

„Не може да се каже дека бевме одлични, но по ваков триумф вредно е да се пофалат момците. Стартувавме доста несигурно, но се трудевме да го држиме нивото на игра. Ова е дефинитивно заслужена победа. Една работа ми влеа сигурност, кога го видов Најденов дека спие со копачки во карантин, тогаш дефинитивно знаев дека ќе биде добро. Останува сега, да се подготвивме за нашиот следен противник и повторно да се надеваме на успех“, истакна Тренески по натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работнички својот следен противник ќе го очекува од дуелот помеѓи Рунавик и Динамо Миск. За потсетување првиот натпревар го доби белорускиот состав со резултат 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…