Дома Фудбал Пјонтек во новата сезона во Милан ќе игра со нов број

Пјонтек во новата сезона во Милан ќе игра со нов број

Одличниот полски напаѓач Криштоф Пјонтек ги воодушеви навивачите на Милан откако во текот на зимскиот преоден рок пристигна во Милано од Џенова.

Пјонтек со Милан потпиша договор во трансфер вреден 35 милиони евра и набрзо стана еден од клучните играчи на „росонерите“.

Полскиот напаѓач постигна вкупно 22 гола во дебитантската сезона, осум од нив ги постигна како играч на Милан.

На денешниот прв тренеинг во Милан тој доби и нов број, па полскиот фудбалер ќе го носи бројот девет место 19.

Најновото засилување на Милан, Раде Круниќ ќе го носи дресот со број 33. Алесио Ромањоли доби 13-ка, а Лукас Биља 20-ка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…