Дома Фудбал Италија Пјаниќ ја отвори душата: Не сум предавник, заминав од Рома за да победувам

Пјаниќ ја отвори душата: Не сум предавник, заминав од Рома за да победувам

Миралем Пјаниќ даде интересно интервју за италијанските медиуми во кое проговори за неговиот трансфер од Рома во Јувентус.

Пјаниќ тврди дека ужива во Јувентус и дека не се чувстува како „предавник“ бидејќи преминал во големиот ривал.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„После пет прекрасни години во Рома, одлучив дека ми се потребни нови искуства. Кариерата не е долга, а со Рома тешко се освојуваат трофеи. Тоа ќе беше уникатно искуство, се обидов, но не успеав. Многумина зборуваат лошо за мене поради тој трансфер, но јас не издадов никого. Само почувствував дека ми треба нов предизвик. Јувентус ме следеше, испрати конкретна понуда и следеше трансфер“, истакна Пјаниќ, а потоа ја објасни разликата меѓу двата клуба.

„Во Рома сите зборуваат за фудбал и мислат на тоа од утро до вечер, ако си добар ќе те вивнат во ѕвездите. Тоа може да биде и негативно, ако загубиш чувство за баланс. Во Јувентус едноставно се чувствуваш како победник. Овде во Јувентус насекаде се чувствува победата. Ги гледаш сите трофеи и ја разбираш ДНК-та на овој клуб“, објасни Пјаниќ, кој потенцираше дека се радува на успесите на Рома се уште.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …