Дома Фудбал Италија Пјаниќ: Рома ќе се бори за Скудето

Пјаниќ: Рома ќе се бори за Скудето

Пјаниќ со маестрален погодок од слободен удар и подоцна асистенција го предводеше Јувентус до нов триумф денеска против Болоња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После натпреварот играчот за врска на Јувентус истакна дека е среќен поради победата, но екипата мора да се подготви добро за тешкиот натпревар против Рома наредниот викенд.

„Одигравме добар натпревар и мислам дека тренерот треба да биде горд на нас. Се чуствувам добро, напредувам, тимот освои три бода и сум среќен поради тоа.“

„Доаѓаат многу важни натпреври пред паузата, а ние мора да бидеме спремни за наредниот натпревар против Рома. Тие се одлична екипа која ќе се бори за Скудето.“ – изјави Пјаниќ по натпреварот.

Да потсетиме, натпреварот помеѓу Јувентус и Рома е на распоредот следната сабота во Торино од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити ја заврши работата, дојде фудбалер од Франција за 25.000.000 евра!

Манчестер Сити го заврши првиот летен трансфер. Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026…