Миралем Пјаниќ се уште е слободен фудбалер, а според последните информации би можел да направи изненадувачки трансфер.
Се споменуваше трансфер на Пјаниќ во Саудиска Арабија, беше блиску и до Леганес од Шпанија, но ништо од тоа не се реализираше. Италијанскиот „Калчомеркато“ сега објави дека ни помалку, ни повеќе – Милан тргнал по неговиот потпис!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Милан би можел да се фокусира на трансферот на Пјаниќ за да го надополни недостатокот на средината на теренот по повредата на Исмаил Бенасер. Во Милано немаат други опции, па разгледуваат слободни играчи, Пјаниќ тука е прва опција“, стои во текстот на италијанскиот медиум.
Посериозните преговори според информациите би се одвивале во наредните денови, а секако би било изненадување Пјаниќ во оваа фаза од кариерата да се врати во еден така голем гигант. Во Италија поранешниот босански репрезентативец го носеше дресот на Јувентус и Рома.