Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ одлучи ова лето да го напушти Јувентус и кариерата да ја продолжи во Барселона.
Пред скоро два месеци беше потврдено дека Миралем Пјаниќ после четири години го напушта Јувентус и се сели во Барселона. Меѓутоа сега медиумите потсетуваат на една неговата изјава по официјализацијата на трансферот која сега звучи смешно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дојдов во Барселона за да играм со Меси и затоа одбив подобар договор од ПСЖ“, изјави тогаш Пјаниќ.
Кога Пјаниќ го завршуваше трансферот никој, па ниту тој не веруваше дека Меси може да ја напушти Барселона, сега работите се променети и Меси е пред заминување.