Дома Трансфер зона Пјаниќ откри зошто ја напушти Рома

Пјаниќ откри зошто ја напушти Рома

Босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ ова лето од Рома се пресели во големиот ривал Јувентус, трансфер што предизвика доста реакции кај навивачите на „римската волчица“.

Пјаниќ сега си ја отвори душата и ги откри вистинските пречини зошто ја напуштил Рома и се одлучил да премине во Јувентус.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Рома ми даде многу ветувања и јас секогаш си го одржував зборот и го продолжував договорот. Тие секогаш велеа дека градат тим за титула во Серија А, ама не освоивме ништо пет години. Јас имам 26 години, кариерата не трае вечно, а Јувентус ме пратеше со години. Зборував со Тоти, Спалети и Де Роси. Франческо ми кажа дека е тажен и дека сака да останам, но и дека разбира оти заминувам по патот кој го посакувам“, раскажува Пјаниќ.

„Рома ја сакам како и градот, меѓутоа беше време да си одам. Кога разбрав дека Јуве уште ме бара, веднаш кажав „да“. Истото беше и кога дојдов во Рома, кога Енрике и Сабатини сакаа да ми покажат колку им значам и веруваат во мене. Мислам дека беше исправно да заминам и Јуве е чекор напред во мојата кариера. Знам само едно – никогаш нема да играм за Лацио“, заклучи Босанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…