Играчот за врска на Јувентус, Миралем Пјаниќ пред натпреварот против Јанг Бојс порача дека неговиот тим со Кристиано Роналдо го има неопходниот квалитет за освојување на Лигата на шампионите.
Јувентус денес од 21:00 часот го игра натпреварот против Јанг Бојс во рамките од последното коло во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Со своето искуство и квалитет Роналдо ни помага да напредуваме. Со него станавме најдобриот тим кој го имал Јувентус во историјата“, истакна играчот за врска и продолжи:
„Мојот сон е освојување на Лигата на шампионите и ќе направиме се за да стигнеме до таа титула. Секако, тука се и останатите трофеи. Триплетата мора да биде наша цел. Имаме голем тим, а клубот секоја година работи на тоа да биде посилен“, порача Пјаниќ.
Во вториот натпревар од оваа група играат Валенсија и Манчестер Јунајтед.