Јувентус во вчерашното финале од купот на Италија славеше победа против Милан со 4:0 и така стигна до нова двојна круна во Италија.
После победата фудбалерите на италијанскиот шампион ја прославуваа победата во соблекувалната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ во живо ја пренесуваше атмосферата на Инстаграм. Во еден момент дојде до Марио Манџукиќ, на кого тоа и не му се допадна премногу.
„Дај, Пјаниќ, престани со тоа сра*е“, му кажа Манџукиќ, а Пјаниќ му одговори: „Еве, само не лути“…
Хрватот продолжи: „Ајде стопирај го тоа, доста е, доста зборување, оди туширај се“, заврши Марио.
Помеѓу другото Пјаниќ во видеото откри дека на Мундијалот ќе навива за својот „брат“ и Хрватска.
„Доаѓа Светското првенство, одиме малку да го следиме братот“, порача Босанецот.