Дома Фудбал Италија Пјаниќ за наводната судиска помош на Јувентус: Тоа е алиби за тие кои губат!

Пјаниќ за наводната судиска помош на Јувентус: Тоа е алиби за тие кои губат!

Во Италија не се стивнуваат полемиките за наводните судиски грешки, во последните две недели.

Јувентус на последниот меч победи со пенал во последните минути, а Наполи имаше примедби на судиите и ги обвини за неуспехот против Аталанта.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Џакомели и Ирати беа отстранети од страна на италијанската асоцијација на судии по лошите претстави кои ги имаа во вонредното коло, што уште повеќе крена прашина на Апенините.

Ѕвездата на Јувентус, Миралем Пјаниќ даде свој коментар и истакна дека тоа е само алиби на клубовите кои не победуваат.

Никогаш не губите натпревар поради судија. Тоа е само алиби во кое сакате да верувате. Кога го напуштате теренот после натпревари, вие сте доста лут и може да кажете многу нешта. Но, да обвините некого за тоа што сте изгубиле, е најлесниот начин“.

„Судиите прават грешки какви што правиме и ние фудбалерите. Сега тука е ВАР да им помогне, поради тоа, јас веќе не обрнувам внимание на ваквите коментари. На крајот на краиштата, силните тимови секогаш пронаоѓаат начин да победат, и не бараат алиби“, заклучи Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…