Дома Фудбал Лига на шампиони Пјаниќ: Големо разочарување, ова е тешко да се прифати

Пјаниќ: Големо разочарување, ова е тешко да се прифати

Миралем Пјаниќ ги одигра своите последни минути во дресот на Јувентус.

Судбината сакаше својот последен натпревар за Старата дама да го одигра против Лион, клубот во кој го изгради името, а на крајот разочаран го напушти теренот.

Не крие дека не очекувал дека ова вака ќе заврши.

„Големо разочарување за нас бидејќи силно посакувавме да се пласираме понатаму. Лошо тргнавме, но останавме во игра. На крајот сето ова е разочарувачки и тешко е да се прифати.“ – изјави Пјаниќ после натпреварот и додаде:

„Клубот може многу повеќе, а не само да го освојува Скудето. Немам сомнение дека овој тим ќе биде уште посилен наредната сезона.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пеколен распоред само што почнува, а Барселона би можела да остане без најдобриот стрелец

Одличниот Бразилец беше заменет на полувремето од натпреварот против Австралија поради неу…