Дома Фудбал Италија Пјаниќ: Време е за ЛШ, сега Роналдо е на наша страна!

Пјаниќ: Време е за ЛШ, сега Роналдо е на наша страна!

Јувентус ова лето го ангажираше Кристиано Роналдо и никој во клубот не крие дека главната цел оваа сезона е Лигата на шампиони.

„Старата дама“ во последните четири години два пати стигна до финалето, но не успеа да го освои трофејот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Миралем Пјаниќ смета дека оваа сезона е вистинско време да се освои ЛШ, особено поради фактот што Роналдо е на нивна страна.

„Во последните четири години стигнавме до две финалиња во ЛШ, тоа не смее да се заборави. Но, ни треба нешто повеќе за да се освои тој трофеј. Тоа секогаш мора да биде главна цел за клуб како Јувентус“, истакна Пјаниќ.

„Веруваме во тој сон и оваа сезона. На вистински пат сме, а сега на наша страна го имаме и Роналдо, кој би можел да биде клучен играч“, додаде плејмејкерот,.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…