Како што стојат работите Миралем Пјаниќ во јануари ќе го напушти Бешикташ.
Во Бешикташ Чави е како позајмен фудбалер од Барселона, но не е јасно колку Барселона планира на босанскиот репрезентативец. Сега италијанските медиуми објавија информација дека Пјаниќ би можел се врати во Италија каде што го носеше дресот на Рома и Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, Џенова која од клупата ја води Андреј Шевченко ја следи ситуацијата со Пјаниќ. Џенова ја чека борба за опстанок до крајот на сезоната, а Шевченко би сакал да го има Пјаниќ на располагање.
Така Пјаниќ и би му се придружил на Горан Пандев. Сезонава во редовите на Бешикташ, Пјаниќ одигра 13 натпревари и запиша четири асистенции.