Дома Фудбал Италија Пјаниќ верува во „чудо“: Јувентус никогаш не се откажува!

Пјаниќ верува во „чудо“: Јувентус никогаш не се откажува!

Ѕвездата на Јувентус, Миралем Пјаниќ тврди дека „бјанконерите“ се уште не се откажале од Лигата на шампиони и покрај тешкиот пораз од Реал Мадрид во Торино.

Пјаниќ не настапи на првиот натпревар ога Јувентус беше „прегазен“ во Торино, но тврди дека тимот не се предава и ќе се обиде да направи чудо во Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секако дека сме разочарани од резултатот. Тренерот Алегри на утринскиот тренинг ни порача дека мораме да ги поправиме работите во реваншот. Ќе биде тешко, но одиме во Мадрид да направиме нешто големо и историско. Во фудбалот чуда се случуваат. Не се откажавме и нема да се откажеме“, изјави Пјаниќ.

„Првиот гол на Реал ни нанесе голема штета, но мислам дека заслуживме да постигнеме барем еден гол. Се случуваат такви натпревари кога на противникот му оди се, а вас ништо. Моравме да одиграме подобро“, заклучи Босанецот.

Реваншот на „Сантиаго Бернабеу“ се игра во среда, а дали Јувентус ќе успее да направи „чудо“, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул поворно не победи, Клоп и Салах се скараа🎥

Ливерпул и дефинитивно испадна од трката за титулата откако попладнево одигра само 2:2 на …