Дома Фудбал Пјаниќ: Би го замолил Куман да одиграм два-три натпревари

Пјаниќ: Би го замолил Куман да одиграм два-три натпревари

Пред неколку дена се шпекулираше, но Миралем Пјаниќ нема намера да ја напушти Барселона после само една сезона.

Босанскиот играч за врска изминатото лето дојде во Барселона во размената со Јувентус, но Роналд Куман не смета премногу на неговите услуги.

Сега Пјаниќ бара од Куман да му даде два-три натпревари да одигра во континуитет.

„Би го замолил Куман да одиграм два-три натпревари во континуитет. Тоа е она што му треба да на секој фудбалер. Ќе продолжам да работам и да ја чекам својата шанса. Верувам дека наскоро ќе добијам шанса да бидам од корист“, изјави Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Натхо без трофеј со Партизан: Во нормални услови ќе имавме барем две титули!

Бибарс Натхо смета дека неговите седум години во Партизан заслужувале поинаков трофеен епи…