Дома Фудбал Репрезентации Пуштени во продажба билетите за натпреварот на Македонија У21 против Холандија

Пуштени во продажба билетите за натпреварот на Македонија У21 против Холандија

Фудбалската федерација на Македонија информира дека официјално започна продажбата на билети за натпреварот на младата репрезентација на Македонија до 21 година против соодветната селекција на Холандија во рамките на второто коло од групата Ц од квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 во Словачка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Цената на влезница за натпреварот изнесува 200 денари. Квалификацискиот дуел помеѓу Македонија и Холандија се игра утре на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје со почеток од 15:30. часот.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Холандија ќе се организира преку продажната мрежа на MKTickets.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Слот по 20. пораз: Ќе бидеме подобри следната сезона!

Фудбалерите на Ливерпул запишаа нов, 20-ти пораз сезонава, откако загубија од Астон Вила к…