Дома Македонски спорт Мак ракомет Пуштени во продажба билетите за дербито Вардар – Еурофарм Пелистер!

Пуштени во продажба билетите за дербито Вардар – Еурофарм Пелистер!

Во продажба се билетите за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер

За следниот меч од плејофот во првенството на Македонија од денеска се пуштени во продажба билетите за дуелот против Еурофарм Пелистер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот од 5. коло меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажан за во недела (26 март) со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“

Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на www.mktickets.mk и преку продажната мрежа на Мктикетс во целата држава.

За влез во салата ќе биде потребно да имате испечатен билет или билет во електронска форма (PDF) што ќе треба да го покажете на влез во салата.

Цени на билети по блокови:

Блокови 1, 3, 4, 5, 7, 8, 11, 12, 13, 14 и 15:

Цена – 150 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:

Цена – 200 денари

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа (2 часа) пред почетокот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…