Дома Фудбал Репрезентации „Пума“ шокирана од исходот на квалификациите за СП

„Пума“ шокирана од исходот на квалификациите за СП

Неуспехот на италијанската репрезентација во квалификациите за Светско првенство го изненади целиот свет, а фактот што „аѕурите“ нема да бидат во Русија е голем удар и за произведувачот на спортска опрема „Пума“.

Германската компанија сега се најде во голем проблем бидејќи само две репрезентации во Русија ќе играат во опрема на „Пума“ и тоа Швајцарија и Уругвај.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Пума“ така загуби многу простор за маркетинг, особено ако се земе во предвид ситуацијата од претходниот Мундијал.

Битката на големите спортски брендови во клупскиот фудбал одамна веќе се бие меѓу два гиганти, „Најк“ и „Адидас“, меѓутоа кога се репрезентациите во прашање „Пума“ беше сериозен конкурент.

Имено, на Мундијалот во Бразил „Пума“ имаше осум претставници, што беше незначително помалку од „Најк“ (10 и „Адидас“ (9).

Покрај Италија на Мундијалот нема да бидат уште ни Чиле, Камерун, Алжир, Гана и БСК, сите репрезентации кои носат „Пума“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …