Се чекаше да експлодира на реалција со Клиперси, а Кливленд активираше една со Лејкерси – Ајзе Томас ја менува средината.
Целосно неочекуван, до некаде и разбирлив потег на актуелниот шампион на лигата кој од Томас не го доби она што го очекуваше кога стигна од Бостон во замена за Кајри Ирвинг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кавси во Лејкерси ги испратија и Ченинг Фрај и пикот од првата рунда на овогодинешниот драфт, а за возврат ги добиваат Џордан Кларксон и Лери Ненс Жуниор.
Од овој трејд најмалку задоволен е Ајзеа Томас кој после натпреварот против Минесота изјави дека не сака да замине од Кливленд и дека му е доста од трејдови.
Кошаркарскатa јавноста во САД со недели наназад чекаше било каков потег од Кавси кои долго време бараа потенцијално решение и конечно нешто се случи на само нешто повеќе од два часа до затварање на периодот за трејд.