ПСЖ замина за Мешков Брест со обезбедено прво место во групата и со само 13 ракометари. Меѓу нив ги немаше Микел Хансен и Уве Гензајмер на пример, шанса да играат добија Адама Кеита, Јово Дамјановиќ, минутажа за Јеспер Нилсен… И загубија од Мешков Брест.
Белорусите се сериозен тим и тоа им го покажаа на скапите Французи и си обезбедија место во разигрувањето. Алборг и Целје се елиминирани.
Кил загуби од Келце на домашен терен и сега е најблиску до тоа да го освои петото место во групата, со што би го испратил на дуел со Вардар во 1/4 финалето, се подобриот тим на Келце. Ова би бил расплетот доколку во следното коло ПСЖ го победи Кил, а Келце го победи Мешков Брест на домашен терен. Услов е и Веспрем и Флензбург кои играат утре, да освојат барем бод во следните два меча.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во групата во која игра Вардар, се одиграа два натпревара. Барселона лесно се справи на крај со шведскиот Кристијанштад, а ППД Загреб и покрај предноста од 4 гола на полувремето, на крајот загуби од Пик Сегед.
Висла утре со евентуална победа над РНЛ би озбезбедила пласман во елиминациите, ако не во последното коло кога ќе играат ППД Загреб и Кристијанштад ќе биде решен последниот патник во елиминациите.