Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Осимен е голема желба на тренерот Кристоф Галтие, кој со Нигериецот во тимот ја освои француската лига со Лил.
Наполи поставија цена од високи 100 милиони евра за нигерискиот напаѓач, но ова нема да претставува проблем за богатиот француски клуб.
Осимен се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и за него интерес покажуваат многу европски гиганти, но ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.